нумизматички | прид.
Што припаѓа, што се однесува на нумизматика. Нумизматичко друштво. Нумизматичка збирка. Нумизматичка вредност.
нунка | ж.
нунко | м.
нура (се) | несв.
нурка
нурец | м.
Водна птица од родот на гуските; Mergus merganser.
нуркање | ср.
Спорт со потонување во вода со изведување одредени акробатски маневри.
нурка (се) | несв.
Плива под површината на водата. Многу капачи се нуркаа во чистата вода. Нуркаше во водата долго и пак излегуваше. Неколку птици се нуркаа барајќи храна.
нуркач | м.
Тој што се занимава со нуркање.
нуркачки | прид.
Што припаѓа, што се однесува на нуркач и на нуркачка. Нуркачка опрема.
нурне (се) | св.
Влезе, се потопи под површината на водата. По едно време нуркачот се појави, мавна со рака и пак (се) нурна длабоко.