назаден | прид.

Што заостанува, заостанат, што има заостанати, ненапредни сфаќања. Назадни луѓе. Назадна партија. Назадни тенденции.

назадечки | прил.

Со задниот дел во правецот на движењето. Излезе од собата назадечки.

назадува | несв.

Не се развива, не напредува, заостанува, опаѓа. Во војната условите за живот се влошиле, а економијата нагло назадувала. Уште е на работа, но постојано назадува во службата.

назаем | прил.

Земено или дадено под услов да се врати. Зел пари назаем. Ако сакаш да останеш пријател со некого, ниту земај, ниту давај пари назаем.

назал | м.

Глас при чијшто изговор воздушната струја (целосно или делумно) минува низ носот; носов глас, носовка.

назален | прид.

Што се однесува на носот.

Назарет | м.

Град во Израел.

назачки | прил.