назборува | св.

Зборувајќи каже, соопшти многу нешта, изнакаже. Назборува толку многу што веќе стана здодевно да се слуша.

наздрави | св.

Посака добро здравје, среќа, успех, нешто убаво, испивајќи при тоа пијалак; искаже здравица. Му наздравивме на славеникот.

наздравувач | м.

Тој што наздравува, што одржува здравица. Наздравувачот ја зема полека чашата, чека минута-две и почнува со наздравувањето.

назема | несв.

наземе | св.

Земе многу, во големо количество. На заминување назедов сè што можев да носам.

наземи | прил.

На земја, на под. Не седи наземи, уште е влажно. Му падна книгата наземи.

назив | м.

Збор или зборовен состав со кој се именува, се означува предмет или појава, име. Називи на дните на неделата. Називи на месеците. Назив на растение. Стручен назив.

назимниче | ср.

Прасе до една година старо што се опрасило последната зима.

назнака | ж.

Обележје, својство со кое се карактеризира нешто. Треба да се обрне внимание и на некои други назнаки што ги дава неговото творештво.