напаѓа 1 | несв.
напаѓа 2 | несв.
напаѓач | м.
Тој што врши напад, што напаѓа.
напев | м.
Мелодија, песна што се пее. Народни напеви. Тажен напев.
напева се | повр.
напевен | прид.
Што се однесува на напев, мелодиски. Напевна и говорна страна на песната. Напевен глас.
напее се | св.
Пее доволно, многу, до задоволување. На празниците се напеавме и се наигравме.
напекува (се) | несв.
напердаши | св.
Натепа, измава некого; Врати се, оти ќе те напердашам.
напере | св.
Испере доволно или многу, големо количество.