напери | св.
Насочи, наврти пушка, топ, стрела и сл., поглед и др. кон некого, кон нешто. Ја напери пушката и влезе во куќата. Ги наперија топовите кон калето. Очите ги напери кон толпата, барајќи да го види меѓу луѓето.
наперка | св.
Нагнете, напика во нешто. Наперка во вреќата сè што можеше да носи.
напернат | прид.
Надмен, надуен, вообразен;
наперне се | св.
Се направи важен, покаже надменост; се.
наперчен | прид.
Надмен, надуен, вообразен;
наперчи се | св.
Се направи важен, покаже надменост, се надуе, се вообрази; се. Се наперчил, мисли кој знае кој е.
напечали (се) | св.
Спечали, заработи многу. (Се) напечалија додека беа помлади, сега можат да поживеат малку. (Се) напечалија пари, ама се намачија.
напечати | св.
Изврши печатење, објави, публикува ракопис, текст и др.;
напече | св.
Испече во доволно или во големо количество. Напече леб за цела недела.
напива (се) | повр.