написание | ср.

Напис, текст.

написмено | прил.

Со напишан текст, не усно. Ми потврди написмено дека ги примил парите.

напише | св.

Испише со букви или со бројки. Си го напиша името. Тоа што го кажа напиши го. Напиши ја задачата на табла и реши ја.

напишува се | св.

Напише доволно или многу, помине долго време во пишување.

напладне | прил.

На пол ден, на средината на денот, во (или околу) 12 часот.

напласка | св.

Нафрли, натрупа кај било, без ред. Ги напласка алиштата на креветот и така ги остави. Во собата сè беше напласкано, немаше каде да се згазне.

напласти | св.

Насложи, насобере во пластови. Да го напластиме сеното додека е убаво времето. Надвор напластил снег, никаде не се оди.

наплат | ж.

Еден од шесте делови што го прават дрвениот круг на колцето на запрежна кола