напивка | ж.
Пијалак. Лековита напивка. Љубовна напивка. Волшебна напивка.
напие | св.
Даде некому да пие. Го напи детето вода. Отиде да го напие добитокот.
напика | св.
Втера, стави со сила, со туркање. Напика сено во вреќата и ја крена на грб. Го здипли ќебето и го напика во торбата.
напина | несв.
напипа | св.
Најде, пронајде нешто со пипање. Полека ја напипа вратата во темницата и ја отвори. Одвај успеа да му го напипа пулсот.
напипери | св.
Зачини со пипер, посипе со пипер.
напир | м.
Притисок, натиск, напинање. Напир на водата. Напир на крвта. Го чувствуваше напирот на воденото било, готово да бликне, да поплави.
напира | несв.
Притиска, силно настојува, се стреми да се пробие, да се пројави; Силно напираа да ја отворат портата. Низ февруарскиот студ напираше сонцето и го топеше снегот. Зборовите сами напираа да го каже тоа што долго го премолчувал.
напис | м.
Текст (обично новинарско-публицистички) што не е строго ограничен во однос на стилот, должината или темата. Стана многу популарен со своите полемички написи.
написан | прид.
Нашарен, насликан. Беше млад и убав како написан.