наплив | м.
Притисок на множество луѓе, посетители и др., силно надоаѓање на нешто. Се чинеше како никогаш да немало толкав наплив на туристи. Се трудеше да го потисне во себе напливот на тие спомени.
наплива се | св.
Плива доволно, до задоволување.
напливне | св.
За течност – надотече, се разлее во големо количество. Водата напливна по дворовите и визбите.
наплиска | св.
Со плискање наводени, напрска. Си го наплиска лицето да се освежи.
наплоди се | св.
Се расплоди, се размножи во голем број.
наплувка | ж.
Јајце, ларва од мува на некаква храна.
наплуе | св.
За мува – снесе јајца, наплувки на нешто (месо и др.). Мувите веќе ја наплуле мршата.
наплука | св.
Плукне на некого, на нешто. За малку ќе го наплукаше.
наплуска се | св.
(дијал.) наплеска.
напнат | прид.
Силно оптегнат. Напнато јаже. Напната жица. Напната кожа.