напне | св.

Силно оптегне (лак, жица, платно и др.). Ветрот ги напна платната, и коработ мирно заплови.

напова | несв.

напои | св.

Даде некому да пие. Ги собра децата, ги нахрани и ги напои. Отиде да го напои добитокот.

напокрие | св.

Покрие добро, доволно. Го напокри детето и го остави да спие. Ги напокри крушите со слама да втасаат.

наполеон | м.

Златна монета од 20 франци со ликот на Наполеон I или на Наполеон III.

наполица | ж.

Договор за работа со туѓ имот (земја, добиток и др.) при што заработеното се дели наполу меѓу работникот (наполичарот) и сопственикот на имотот.

наполичар | м.

Тој што работи на наполица.

наполичарски | прид.

Што се однесува на наполичар и на наполица. Наполичарски обврски. Наполичарски односи.