омаловажен | прид.
Потценет, со помала вредност. Се чувствуваше навреден и омаловажен.
омаловажи | св.
Смета нешто за помалку важно отколку што е; потцени нечија или некаква вредност, пренебрегне. Тој се обидуваше да го омаловажи нашето дело.
омаловажувачки | прил.
Со потценување, потценувачки. Му се потсмевнаа пријателите, така молчаливо, дискретно омаловажувачки.
омалодушен | прид.
Што е паднат со духот, обесхрабрен. Се чувствуваше повеќе омалодушен одошто уморен.
омалодушено | прил.
Обесхрабрено, изнемоштено. Ја спушти слушалката крај телефонот и омалодушено седна на столот.
омалодуши | св.
Направи некого малодушен, обесхрабри некого. Неговиот говор го омалодуши.
омаломоштен | прид.
Што е без сила, што е изнемоштен, исцрпен. Тој се отпушти на бетонскиот столб, омаломоштен и свенат.
омаломошти | св.
Изгуби сила, ослабне, изнемошти. Во тој миг допре до него и го омаломошти мекиот глас на момчето.
оман | м.
Тревно растение со широки заострени листови и жолти цветови, слично на маргаритка. Ги мијам со водата од оман, од петопрст, од копиден.
Оман | м.
Држава на Арабискиот Полуостров, Азија.