омарен | прид.
Што е исполнет со омарнина. Беше еден од првите омарни денови на пролетта.
омарина | ж.
омарлушен | прид.
Тој ќе биде омарлушен за првпат во животот, а испи само едно лонче ракија.
омарлуши се | св.
Изгуби сила, ослабне;
омарнина | ж.
Спарно време пред дожд, голема горештина и влага, запурнина. Сивото парче небо станува задушно како во омарнина пред дожд што се готви да плисне, но не може. Животните беа се затаиле под сенка, замрени од тешката омарнина.
омаскари | св.
Осрамоти некого. Го омаскари пред целиот свет.
омасови | св.
Направи да биде нешто масовно, зголеми нешто со привлекување на поголем број лица. За таа цел тие треба да ја омасоват својата група.
оматуви | св.
Стане заборавен, занесен, изгубен; се. Сосем си оматувел, та не знаеш што ти тресе јазикот.
омаудрен | прид.
Стоев омаудрен без уста да отворам.
омаца | св.
Извалка, измачка со нешто. Ги омаца ракавите во чинијата.