омацулен | прид.
Што е тажен, намуртен, нерасположен. Погледот, омацурен од гајлиња, му талкаше низ собата
омацурено | прил.
Тажно, намуртено, нерасположено. Ти не се плашиш? – го праша омацурено.
омацури | св.
Доведе некого во состојба на тага, на незадоволство. Неговото присуство го омацури.
омачи | св.
За мачка – донесе на свет, роди мачиња. Мачката омачи шарени мачиња.
омаѓоса | св.
омаѓосан | прид.
омај | м.
Занес. Но зад сето ова дејствуваше како магија еден семоќен омај.
омајниче | ср.
Планинско или полско цвеќе со јадри црвени или златестожолти цветови; Geum.
омајно | прил.
Занесно, волшебно, прекрасно. Ветре нежно и омајно вее.
омега | ж.
Последна буква од грчката азбука.