онаков | зам.
Показна заменка за посочување качество.
онаму | прил.
Во оној правец, на онаа страна. Нели ти се стори како нешто да шушна онаму? Сонцето тонеше онаму некаде зад ридот.
онанизам | м.
Склоност кон онанија; онанија.
онанира | св. и несв.
Изврши, врши онанија.
онанист | м.
Тој што се задоволува полово со онанија.
онанија | ж.
Самозадоволување на половиот нагон со надразнување на половите органи; мастурбација.
онбаша | м.
Десетар во турската војска. Онбашијата се заврте кон двајца војници и им рече нешто на турски
онде | прил.
На она место. Ене онде под багремчињана, гледал некого со една жена. Штурецот свири онде, во грмушкана до нас. Да тргнеме, зашто одењето не е до ондека
ондулација | ж.
Кадрење, правење бранови на косата.
ондулира | св. и несв.
Направи, прави ондулација на косата.