оневозможи | св.

Направи да биде нешто невозможно, спречи нешто да се случи. Тој ги презеде сите мерки за да оневозможи секакво бегство. Се обидуваа да го искористат случајот и да ја оневозможат конференцијата.

онегви (се) | св. и несв.

онеми | св.

Изгуби способност за говор, стане нем.

онеможен | прид.

Му беше непријатно што го затече вака немоќен и онеможен.

онемоштен | прид.

Што е снеможен, истоштен, ослабен. Легна онемоштен на креветот и заспа.

онеправда | св.

Постапи неправедно спрема некого, стори неправда некому, наруши нечии права. Добро стоиш со нив и, се разбира, нема да ги онеправдаш, зашто се твои.

онерасположи | св.

Расипе расположение некому. Овие зборови на старата мене ме онерасположија.

онесвести | св.

Предизвика (со удар, опојни средства и сл.) некој да загуби свест. Силниот удар го онесвести и тој падна на земја.