онеспособи | св.

Направи неспособен (за работа и сл.). Еден фишек го погоди во десната рака и го онеспособи за борба. Тој со своја рака ги онеспособи топовите.

они | зам.

Лична заменка за трето лице множина, за трите рода; тој1; тие1.

оние | зам.

Показна заменка во множина, за трите рода;

оникс | м.

Полускапоцен камен со бели и црни риги, што се користи за изработка на украси. Брош од оникс.

онкологија | ж.

Гранка од медицината којашто се занимава со проучување и лекување тумори.

оно | зам.

Лична заменка за трето лице еднина, среден род; тој1, тоа1.

онолкав | прид.

Онолку голем или мал, колку што е оној. Како може петел да влече онолкава греда.

онолку | прил.

Во таа мера, толку многу. Тоа е предуслов од кој зависи дали човек ќе може да работи онолку колку што треба. Срцето му се кинеше од мака да остави онолку деца без знаење. Не верував дека може онолку брзо да трча.

онолкуцка | прил.

Во таа мера, толку малку.