ономастика | ж.

Целокупност на сопствени имиња во еден јазик.

ономастикон | м.

Речник на сопствени имиња.

ономастичар | м.

Тој што се занимава со ономастика.

ономатопеја | ж.

Зборови образувани преку подражавање на звукот, имитирање гласови, звукови од природата.

оној | зам.

За покажување на некого или на нешто што го гледаме во моментот на зборувањето, но што не се наоѓа во наша непосредна близина. Ја зеде својата лампа и ја управи светлината кон оној дел од масата, кај што седеше жената. Онаму, во оној ќош сите спијат.

Онтарио | ср.

Провинција во Канада и едно од Големите Езера.

онтологија | ж.

Дел од филозофијата што се занимава со севкупното постоење, што го проучува битието, неговите општи, фундаментални и конститутивни својства.

оп- | претс.

оп(а)! | изв.

а) За означување скок. Напред коњче, опа! Туку игра, оп од лево, оп од десно. б) За поттикнување мало дете кога треба да стане.