опамети | св.

Повлијае врз некого да биде разумен, да постапува разумно; вразуми. Го затвориле за да го опаметат. Појди, опамети го!

опарак | м.

Груб, суров, недоделкан човек.

опари | св.

Направи некој да стекне пари. Таквата добивка го опари.

опасе | св.

За животно – изеде сè што е за пасење, изеде сè и до крај. Овците ја опасија целата ливада.

опасен | прид.

Што може да предизвика пропаст, опасност, што може да го загрози животот. Опасна змија. Опасно место. Опасна авантура. Опасен човек.

опасно | прил.

На опасен начин, страшно. Не гледаше тој во тоа ништо опасно. Дење беше опасно за него да излегува на улица.

опасност | ж.

Опасна состојба, положба, ситуација. Сè бега пред опасноста, кога таа навестува катастрофа. Со колкава дрскост се изложува на опасности. Речиси нема никаква опасност да те фатат.

опат | м.

Игумен на машки манастир во некои католички редови.

опатица | ж.

Игуменка на женски католички манастир.

опатија | ж.

Католички манастир заедно со неговите имоти.