опачен | прид.

опачина.

опачина | ж.

Страна на нешто (ткаенина, лист и сл.) што не се гледа; лице. Ја испитуваше црвеникавата опачина на ќерамидите. Нервите на опачината од листот се покриени со куси влакненца. Тој не можеше да види кој е на сликата, зашто му беше свртена со опачината.

опачки | прил.

опашалка | ж.

Јаженце за опашување.

опаше | св.

Обвие појас околу половината. На крајот го опаша аловиот појас околу половината.

опашест | прид.

Што прилега, што личи на опашка. Зад нив се павкаше опашестиот дел од фустанот на жената.

опашина | ж.

доточка.

опашка | ж.

а) Израсток на задниот дел од телото на животните, како продолжение на 'рбетот. Голем шарен пес ги пресретна во дворот и почна да ја врти опашката. Коњот рамномерно ја мавташе опашката и пасеше. б) Долги перје на задниот дел од телото кај птиците. Кукавицата ја вртеше својата долга опашка. Птицата немирно мавташе со опашката. в) Крајниот, заден дел од телото кај риби, змии и други влекачи, инсекти и сл. На тревата имаше доста риби и некои удираа со опашките по тревата. На камењата веќе стојат гуштерици со скинати опашки. г) (разг.) Последните пршлени на 'рбетниот столб кај човекот.

опашкар | м.

Последен играч во танецот, орото. Сите прснаа во смев, а опашкарот му потфрли на танчарот со некаков стих.