опадне | св.
За лисје, цут, коса и сл. – падне, се откине, се оддели. Лисјето опаднаа од силниот ветар. Со годините косата му опадна.
опак | прид.
а) Што е подготвен, способен да нанесе зло; злобен, лош. Опак човек. Опаки очи. б) Опасен, гибелен. Опаки времиња.
опако | ср.
Тој го забришува челото со опакото од раката.
опакости | св.
Направи зло, штета некому;
опаку | прил.
Откај опачината, превртено; наопаку. Писмото беше превртено опаку.
опал | м.
Скапоцен камен со млечнозелена боја што се прелева.
опален 1 | прид.
Што се однесува на опал. Опални прстени.
опален 2 | прид.
Обгорен, нагорен, изгорен. Момчињата си ја бришеа потта од опалените лица. Опалени стебла. Ние ќе сме опалени од сонцето и полни со сила.
опалесценција | ж.
(физ.) Ширење на светлината, предизвикано од мали честици, распрскани во прозрачна средина.
опали | св.
Изгори, обгори.