оплакувач | м.
Тој што оплакува, што жали.
оплакувачки | прид.
Што се однесува на оплакување.
оплата | ж.
Дрвена рамка за бетонски конструкции при градба на објект. Мајсторите ја поставија оплатата пред да почнат со бетонирање.
оплаче | св.
Со плач изрази жал за некого или нешто.
оплеви | св.
оплен | м.
Водорамна греда на кола. Мажите паѓаа ничкум од колите долу, а опленот тропотел празен.
оплени | св.
Ограби, опљачка. Тие им го опленија целиот имот.
оплеска | св.
Многу извалка, изгнаси.
оплете | св.
Плете околу нешто, обвие со плетка. Чаршафот го оплете со ситна плетка.
оплитни | св.
Стане плиток. Реката од сушата оплитнела.