оплоден | прид.
Што служи за оплодување, за размножување; што се однесува на оплодување. Оплодни органи. Оплодна моќ.
оплоди | св.
Направи да зачне, да се создаде плод кај човек, животно или растение.
оплодувач | м.
Тој што оплодува.
опна | ж.
(биол.) Тенка кожичка со која е обвиено ткивото, некој орган; заштитна обвивка на клетка; ципа. Тогаш опната на јајцето пука и излегува ларвата.
опнат | прид.
Што е затегнат, оптегнат. Неговото лице со опната кожа одвај го прикриваше бесот. Едрилица со опнати платна. Опнат конец.
опне | св.
Силно напрегне, запне да направи нешто. Токму поради стравот што пред малку му ги стегна градите, сега уште посилно опна, па побрза да се врзе со појасот. Со јуриш опнаа да влезат – не бива.
опнест | прид.
Што прилега, што е сличен на опна. Задните крилја се поголеми, опнести.
опнокрилец | м.
Вид инсект со два пара тенки проѕирни крилја. Кај опнокрилците првиот пар крилја се поголеми од задните.
опогани | св.
Направи нешто да стане погано, нечисто; испогани, загади. Постојано внимаваше да не ја опогани облеката.
опоен | прид.
За алкохолна пијачка, дрога и сл. – што опива. Опојно средство. Опојни дроги.