опколи | св.
Загради, огради некого или нешто од сите страни, расположи се од сите страни на нешто, околу нешто; опкружи. Ти знаеш, штом ја опколија куќата, јас загнав да бегам.
опколиса | св.
опкоп | м.
Ископан ров околу нешто, обично околу тврдина заради одбрана, заштита. Некои и понатаму стоеја пред опкопот, гледаа во прозорците на влезната кула.
опкопа | св.
Ископа наоколу, околу нешто. Тие ги опкопаа дрвјата.
опкружение | ср.
Глаголска именка од опкружи;
опкружи | св.
Направи круг околу некого или нешто, загради некого или нешто од сите страни; опколи. Ја опкружиле коријата.
опкрш | прил.
Насекаде, на сите страни. Опкрш го бараа курири додека не го најдоа . Опкрш го сторивме целото село.
оплак | м.
оплакан | прид.
Расплакан. Оплакан во очите.
оплакне | св.
По миење (садови и др.), измие само со чиста вода; исплакне.