опожарен | прид.
Што е уништен од пожар, од оган. Опожарен град. Опожарени куќи.
опожари | св.
Уништи со оган, со пожар. Непријателите ги опожарија нашите села.
опозиционен | прид.
Што се однесува на опозиција; што се наоѓа во опозиција. Опозициона партија. Опозиционен весник. Опозиционен став.
опозиционер | м.
Член на опозициска партија.
опозиционерство | ср.
Опозиционен став; припадност на опозициска партија.
опозициски | прид.
опозиција | ж.
(само едн.) Несогласување со определени ставови, мислења, решенија и сл.; спротивставување, противење, отпор. Постои јасно изразена опозиција меѓу едноставноста на малите средини и сјајот на големиот свет.
опознае | св.
опои | св.
Опие.
ополномоштеник | м.
Тој што е ополномоштен, што има полномошно право.