ополномошти | св.
Даде некому полномошно право, целосно овластување да направи нешто. Таа го ополномошти да го направи договорот и да стори сè како што треба.
ополномоштувач | м.
Тој што ополномоштува, што дава овластување.
опомена | ж.
Предупредување, совет. Неговите зборови ги сфати како опомена.
опомене | св.
Предупреди, потсети. Ја помрдна ногата, но болката го опомена дека не е сон. Тој ги опомена да не спијат испотени.
опонент | м.
Лице што се јавува како противник во спор; противна странка на суд.
опонира | несв.
Се спротивставува, се противи на нечие мислење или некому; застапува противно мислење; противречи. Јас не знам со што сум ти дал повод да ми опонираш секогаш и за сè.
опор | прид.
Што има киселкав и малку горчлив вкус што ја собира устата, што тешко се голта. Касна и тврдото, опоро касајче ѝ го стегна грлото.
опора | ж.
Поткрепа, поддршка. Чувствуваше дека ќе најде опора кај роднините. Тој бараше опора во локалната традиција.
опорит | прид.
Опорито чувство. Опорита горчина.
опорничав | прид.