обѕрне се | св.

Се сврти со поглед, се обгледа. Таа не се обѕрна назад. Сите се обѕрнаа. Тој се обѕрна наоколу.

обива | несв.

обигра | св.

Со играње заобиколи некого или нешто. Пијаниот обигра околу огнот.

обид | м.

Постапка, чин, дејство со кое се проба да се направи или да се постигне нешто. Обид за кражба. Обид за убиство. Обид за бегство.

обиде | св.

За јадење или за пијалак – вкуси, проба. Зедов да ја обидам ракијата. Тој обиде од мезето.

обие | св.

Насила отвори, насила, со разбивање влезе во затворен простор. Обие врата. Обие каса.

обиколен | прид.

Што обиколува, што овозможува обиколување. Обиколен пат.

обиколи | св.

Помине, направи движење околу нешто. Војниците го обиколија селото.