опржален | прид.
Што е малку изгорен, подгорен од пламен. Млитаво ги дига опржалените клепки.
опржи | св.
опрли 1 | св.
Потпали малку на пламен, подгори; осмади. Си ги опрли веѓите на пламенот. Старицата ја опрли оскубаната кокошка.
опрли 2 | св.
За магарица – донесе на свет, роди прле.
опролети се | св.
опрости | св.
Прости нечија вина, грешка, постапка и сл. Ве молам да ми опростите што го погазив дадениот збор.
опроштение | ср.
Прошка. Молам за опроштение.
опрска | св.
опрскан | прид.
Што е испрскан.
опрува | несв.
Го опрува показалецот на страницата од весникот.