опрчи | св.
(дијал.) Подигне, напрчи нос, уста, опашка; напрчи.
опсада | ж.
Опколување со војска утврдено или населено место заради постигање воени цели. Неколку дена непријателот го држеше градот под опсада.
опсаден | прид.
Што се однесува на опсада; што служи за опсада. Опсадна состојба. Опсаден обрач.
опсади | св.
Изврши опсада, опколи со војска утврдено или населено место; опседне2. Добија задача да го опсадат селото.
опсадник | м.
Тој што врши, што извршува опсада.
опсадувач | м.
Опсадувачите беа на отворено.
опсег | м.
Вкупната должина на граничната линија на некоја површина; опфат, обем, периметар. Тоа прашање несомнено има поширок опсег на значења. Во опсегот на своите куси раце, му помага да се истурка до насипот.
опсегне | св.
Опфати, зафати нешто од сите страни.
опседла | св.
Стави седло на коњ и сл. Опседлајте брза коња!
опседнат | прид.
Што е под опсада. Опседнат град.