опседне 1 | св.
Опчекори и седне на нешто; Го опседна коњот.
опседне 2 | св.
Изврши опсада, опколи со војска утврдено или населено место; опсади. Четата ја опседна куќата во која се криеја.
опсежен | прид.
Што има голем опсег, опширен, обемен. Авторот дава опсежен преглед на животот и делата на поетот. Самата тема беше предмет на опсежна дискусија.
опсеклив | прид.
Што е остар, лут. Опсеклив утрински дожд ми се беше впил во коските.
опсекува | несв.
опсен | м.
Сенка.
опсена | ж.
Некоја магија и во мрак му го осветлила лицето, но опсената не можела долго да трае. Ќе види, кога после ќе се освести од таа негова опсена, дека сум му го мислела и нему доброто.
опсени | св.
Направи, покрие со сенка; засени.
опсерватор | м.
Набљудувач, испитувач.
опсерваторија | ж.
Научна установа, опремена со неопходна апаратура за астрономски, метеоролошки, сеизмички и др. мерења, набљудувања и испитувања.