опсуче | св.
Обвитка, обмота околу некого или нешто.
оптарашува | несв.
Бара, тарашка. Тој ги крева очите кон небото, оптарашува по ѕвездите. Таа продолжуваше да оптарашува по селата, во кои живееја добрите луѓе.
оптатив | м.
Желбен начин.
оптативен | прид.
Што се однесува на оптатив, што изразува желба.
оптега | несв.
оптегари | св.
Удри, тресне со нешто. Ако те оптегарам со ластегаркава по тилот, сите ѕвезди ќе ги видиш!
оптегач | м.
Стап што го држи кросното на разбој да не се одвива.
оптегачи | св.
оптегачка | ж.
Истегнување, излежување, испружување; протегавица.
оптегнат | прид.
Затегнат, растегнат од една точка до друга. Затрепери оптегнатата кожа на барабанот.