опстипација | ж.

Отежнато празнење на цревата; запек.

опстоен | прид.

Што содржи многу подробности, опширен, исцрпен, темелен. За тоа прашање потребна е поопстојна анализа. По опстојната дискусија се донесе едногласно решение.

опстрелува | несв.

Врши стрелба врз нешто, врз некоја цел. Се спуштаа над колоната и ја опстрелуваа со митралески рафали.

опструира | св. и несв.

Спречи, спречува, отежне, отежнува некаква работа, дејност.

опструкција | ж.

Дејност (особено во парламент) насочена кон спречување, отежнување и оневозможување на донесување одлуки од страна на некое тело, орган и сл., изразена преку наметнување на сложени процедури, долги говори, протести и др.

опсуди | св.

Сестрано разгледа, обмисли, објасни нешто (прашање, настан и сл.). Ова прашање не сте го опсудиле добро. Никој не смее да го опсуди неговото решение.

опсукан | прид.

Што е обвиткан околу нешто. Стоеше со појас опсукан околу половината.