оптегне | св.
Направи да се напне нешто помеѓу двата краја или да се растегне по целата површина (јаже, жица, кожа, мрежа и сл.). Оптегна јаже меѓу двете дрва во дворот за пружање алишта.
оптек | м.
Движење, пренесување, преминување од човек на човек. Нивните имиња катадневно биле во оптек во домашните разговори. Книгите набргу биле повлечени од продажба и од јавниот оптек.
оптекува | несв.
Тече околу нешто.
оптече | св.
оптика | ж.
(само едн.) Дел од физиката што се занимава со проучување на светлината и нејзините својства.
оптимален | прид.
Најповолен, што одговара најмногу, одличен. Со специјални грижи за работникот и оптималните резултати нема да изостанат.
оптимизам | м.
Сфаќање, поглед на светот од неговата најдобра страна, вера во иднината придружена со радост и очекување успех и сѐ најдобро. Сончевиот ден го поткрепи мојот оптимизам.
оптимист | м.
Човек со оптимистичко сфаќање и расположение.
оптимистичен | прид.
Што е исполнет со оптими
оптимистички | прид.
Што се однесува на оптимизам или на оптимист.