оптимум | м.
Тоа што е најдобро, најповолно, што одговара најмногу на нешто.
оптичар | м.
Специјалист за оптика.
оптички | прид.
Што се однесува на оптика. Оптичко стакло.
оптоварен | прид.
Што има многу обврски, задолженија или грижи. На работа тој беше многу оптоварен.
оптовари | св.
а) Стави повеќе товар за носење. б) Стави поголем товар, тежина врз нешто поради некоја потреба (да се исправи, да се залепи, да се испроба итн.) 2. (прен.) а) Зададе некому многу обврски, задолженија, грижи. Го оптоварија со премногу часови. Некои решенија му ја оптоварија совеста. б) Обремени со премногу работи, направи да стане преобемен. Програмата ја оптоварија со многу предмети.
оптока | ж.
Гајтан, ширит со кој како украс се порабува нешто (облека и сл.) Беа облечени во носии со срмени оптоки.
опточен | прид.
Што е порабен со гајтан, оптока. Елек опточен со свилени гајтани.
опточи | св.
Пораби нешто со гајтан. Страните на секоја од овие скутини се опточени со срмен вез.
оптрча | св.
Со трчање обиколи нешто. Како ветрушка двапати ја оптрча собата.
оптужба | ж.