оптужен | прид.

оптуженички | прид.

Што се однесува на оптужба и оптуженик.

опул | м.

Поглед. Со опулот ја опфати белата куќа.

опули | св.

Отвори очи. Не можеше да ги опули очите.

опурчак | м.

Искинат, неупотреблив опинок. Опурчаците ќе послужат за опути на нови опинци.

опус | м.

Дело, обично уметничко (музичко, сликарско, литературно).

опустен | прид.

Станат пуст, празен. Опустено село. Го гонеше опустената уличка.

опусти | св.

Стане пуст, празен. Улиците опустеа и стивнаа.