опустошен | прид.

Станат пуст, уништен, разорен од природна стихија, војна или некаква друга несреќа. Земјата беше опустошена од војната.

опустоши | св.

Направи нешто да стане пусто, уништено, разорено. Волјата и суетата на царевите ги опустоши родните огништа.

опустошувачки | прид.

Што има уништувачка разорна сила и дејство. Опустошувачки земјотрес.

опута | ж.

Кожено ремче или врвца за опинци. Режеа опути за да ги врзат искинатите биволски опинци.

опуштен | прид.

Олабавен, ослободен од физичка или психичка напнатост. Со часови седеше опуштен пред телевизорот.

опушти | св.

Олабави, ослободи од физичка или психичка напнатост. Млаката вода брзо го опушти и му го врати доброто расположение.

опфат | м.

Тоа што е опфатено; Песните се разликуваат по распоредот на материјата, по опфатот на содржината и по опфатот на проблематиката.

опфати | св.

Фати околу со раце, обгрне, прегрне нешто или некого. Си ја опфати брадата со раката и молчеше.

опција | ж.

Една од постоечките можности, избор, алтернатива; определување.