оракул | м.

Пророк кај старите Грци и Римјани.

орален | прид.

Што се однесува на устата, устен. Орална народна поезија.

оралиште | ср.

Место каде што се игра оро;

орало | ср.

Рало.

оран | ж.

Изорана земја; ораница. Да ја сетиме маката над лебецот, жегата на вршидбата, мирисот на оранта

орангутан | м.

Вид човеколик мајмун; Simia satyrus.

оранж | м.

Портокалова боја.

оранжада | ж.

Освежителен газиран пијалак со вкус на портокал. Братучедите порачаа оранжада за да се освежат.

оранжерија | ж.

Застаклена и затоплувана просторија за одгледување растенија.

ораница | ж.

Земја што се ора, што се обработува, изорана нива.