општина | ж.
Територијална административна единица. Нашиот главен град има пет општини.
општинар | м.
Службеник во општина. Општинарите гледаат многу на тие работи.
општо | прил.
Површно, незадлабочено; во главни црти, без детали. Ги сакаше некако како на сон, неопределено, општо. Зборуваше општо за работата.
општо- | претс.
Прв дел од сложени зборови со значење:
општообразовен | прид.
Што дава општо, а не специјализирано образование.
општопознат | прид.
Што им е познат на сите. Кој адвокат ве научи толку невешто да ги откажувате општопознатите факти?
општополезен | прид.
Што им е полезен на сите. Марковата сила е општополезна сила.
општост | ж.
Постоење и особина на нешто заедничко. Кога не би постоела општост на мислењето, не би имало ширење на идеи.
опљачка | св.
Одземе нешто сосила, ограби. Разбојниците го опљачкаа целото село.
ора | несв.
Обработува плодна земја со рало, со плуг или со трактор со цел да се раситни земјата и да се подготви за сеење. Цел ден ја ораше нивата со тракторот.