ораничен | прид.

Што се однесува на ораница и на орање. Оранични површини.

оранички | прид.

Што се однесува на ораница, што е наменет за орање.

орат | прид.

оратен | прид.

Што може да се обработува со орање. Оратна земја.

оратор | м.

Човек со дарба да држи говори; добар говорник.

ораториум | м.

Голема музичка творба за хор, оркестар и солисти со драмско-епски карактер.

ораторство | ср.

Говорништво, вештина за држење говори.

орач | м.

Човек што ора, што се занимава со орање.

ораџија | м.

Играч на оро, вешт во играње оро. Ораџиите друго и не ги интересира на панаѓурот, освен орото.

орбита | ж.

(астр.) Линија или патека по која се движат небесните тела или вештачките летала околу Земјата или околу некое друго небесно тело.