оргазам | м.

Кулминација, врв на сексуалното уживање.

орган 1 | м.

Дел од организмот со определена функција. Органи за слушање. Говорни органи. Репродуктивни органи.

организам | м.

Единка од живиот свет – човек, животно или растение како систем од органи со усогласени функции.

организатор | м.

Лице што организира нешто, што е задолжено за организирање на некоја работа.

организаторски | прид.

Што се однесува на организатор и организација. Организаторски работи.

организациски | прид.

Што припаѓа, што се однесува на организација. Организациски одбор.

организација | ж.

(само едн.) Активности за подготовка на нешто (приредба, конференција и сл,), средување или основање на нешто; организирање. Организацијата на студентската приредба ќе ја раководи претседателот.

организира | св. и несв.

Подготви, подготвува или приреди, приредува нешто. Јас велам да организираме бегање од оваа пустиња. Студентите организираа бруцошка вечер.