оризиште | ср.
Земјиште (ниви, поле) каде што се сее ориз. Оризиштата и мочуриштата ја прават климата доста нездрава.
оризник | м.
Пита со ориз.
оризов | прид.
Што се однесува на ориз. Оризово поле. Оризов клас. Оризова слама.
оризовица | ж.
Оризова слама. Под него зашушка сламарицата полна со оризовица.
оризожнеач | м.
Човек што жнее ориз.
оризоплеварка | ж.
Жена што чисти ориз од плевел.
Ориноко | ср.
Река во Јужна Америка.
орисија | ж.
Судбина.
орисче | ср.
оркан | м.
Многу силен ветер; ураган. Северниот ветер прераснуваше во оркан.