ориентационен | прид.
Што служи за ориентација. На својот пат користеше неколку ориентациони точки.
ориентација | ж.
Определување на нечија местоположба или правец. За ориентација ја користеше највисоката зграда во градот.
ориентир | м.
Предмет, знак што служи за ориентација.
ориентира | св. и несв.
Определи, определува насока на движење или дејствување.
ориентиран | прид.
Што е насочен кон нешто, определен. Тој е ориентиран на ликовна уметност.
ориз | м.
Вид житно растение со плод во вид на бели долгнавести зрнца што се користат во исхраната; Oryza sativa.
оризар | м.
Произведувач на ориз.
оризарница | ж.
Површина каде што расте ориз. По цел ден шлапкаше по оризарниците.
оризарство | ср.
Производство на ориз како занимање и како стопанска гранка.
оризен | прид.