оркестар | м.
Група музичари што заедно исполнуваат музички дела.
оркестрација | ж.
Преработка или приспособување на музичко дело за оркестарска изведба.
оркестрира | св. и несв.
Подготви, подготвува музичко дело за инструментална, оркестарска изведба. Ми стана јасно дека запишаниот текст е само партитура што допрва треба да се оркестрира во мојата свест.
орле | ср.
Орлеан | м.
Град во Франција.
орленце | ср.
орлест | прид.
Што личи на орел, што е како орел, што има орловски особини. Носот му е орлест.
орлица | ж.
Женка орел.
орлиште | ср.
Аугументатив од орел.
орлов | прид.
Што е од орел, му припаѓа на орел или личи на орел. Нејзиниот орлов нос чиниш се допираше со брадата.