орловски | прид.

Што личи на орел или му припаѓа на орел. Орловски нос. Орловски поглед. Орловско гнездо. Орловски лет.

орман 1 | м.

Многу густа шума. Со кози в орман дали си одел?

орман 2 | м.

Дел од мебел, шкаф. Ги испреврте орманите и пронајде летна, испеглана облека.

орнамент | м.

Украс од геометриски, растителни или животински елементи и шари што се употребуваат во архитектурата, текстилното производство, печатарството и др.

орнаментален | прид.

Што се однесува на орнамент; украсен, декоративен.

орнаменталист | м.

Сликар на орнаменти.

орнаментација | ж.

Украсување, изработување орнаменти за некој простор или сл.

орнаментика | ж.

Целокупност од орнаментални елементи на некој предмет. Богата орнаментика. Ориентална орнаментика.

орнаментира | св. и несв.

Изработи, изработува орнаменти, украси, украсува со орнаменти.

орнаментиран | прид.

Што е со орнаменти.