орнитолог | м.

Специјалист по орнитологија.

орнитологија | ж.

Наука што ги проучува птиците, дел од зоологијата.

орница | ж.

Земја што подолго време се обработувала, но во моментот е запуштена, необработена.

оро | ср.

Народен танц во кој играчите најчесто фатени за раце се движат во круг; танец. Свадбарско оро. Кумово оро.

ороводен | прид.

Што се однесува на водење оро. Ороводна песна.

ороводец | м.

Лице што го води орото, што игра најнапред.

орограф | м.

Лице што се занимава со орографија.

орографија | ж.

Наука што се занимава со дел од физичката географија, што го проучува релјефот на земјата.

орогуши | св.

Удри некого по глава што да му се појави џумка како рог.