ортомар | м.

Тој што изработува или што продава ортоми; јажар.

ортомарница | ж.

Работилница или продавница за ортоми.

ортомиса | св.

Врзе добиток со ортома додека пасе за да се ограничи движењето. Го ортомиса коњот и го остави во ливадата да пасе.

ортопед | м.

Лекар, специјалист по ортопедија.

ортопедија | ж.

Дел од медицината што се занимава со профилактика и лекување на повреди и деформации на човечкото тело, особено на коските.

орудие | ср.

Предмет што човекот го употребува и со кој се служи во разни дејности, пред сѐ во совладувањето на природата; инструмент за работа, алат.

оружа | св.

Подготви, дотера, уреди (за прошетка, за пат и сл.)

оружар | м.

Занаетчија што изработува или поправа оружје; пушкар.

оружарница | ж.

Работилница за изработка на оружје, фабрика за оружје.

оруженосец | м.

Лице што го носи оружјето на својот витез.