ослаби | св.
а) Стане физички слаб. Тој ослабе и лицето му доби некаков тажен израз. Немаше доволно храна и децата ослабеа. б) Му се намали јачина, острина на некој осет (вид, слух и сл.) На дедо ми му ослабе видот последниве две години. Му ослабе слухот. в) Се намали степенот на некое чувство (љубов, тага и сл.) Љубовта со време ослабе. Тагата за родното место никогаш не ослабе.
ослабне | св.
ослани | св.
Покрие со слана, попари, уништи од слана, од студ. Утрово сланата ги ослани тукушто процветаните пупки на дрвјата. Сланата ги осланила посевите со пченица.
ослепее | св.
Стане слеп.
ослепеник | м.
Слепец, несреќник. Ослепенику!
ослепи | св.
Стане слеп. Татко му ослепе уште на педесет години.
ослепувачки | прид.
ослич | м.
Вид морска риба слична на штука; Merlucius vulgaris.
Осло | ср.
Главен град на Норвешка.
ослободен | прид.
Што не е лишен од слобода, што не е поробен. Ослободени затвореници. Ослободена територија.