осмели се | св.

Добие смелост да изврши нешто. Момчето се осмели да ја каже вистината. Никој не се осмели да го запре.

осмерец | м.

Стих од осум слога. Во лириката преовладува осмерецот, а десетерецот кај епиката.

осми | бр.

Што е осми по ред, бројна придавка од осум.

осмина 1 | ж.

Осми дел од едно цело. Осмина бурек.

осмислен | прид.

Што има смисла, што е добро смислен, што е добро подготвен. Добро осмислен проект. Осмислен план. Осмислен говор.

осмисли | св.

Даде смисла на нешто. Тој го осмисли својот живот со запишување на факултет. Директорот ја осмисли убаво својата работа со правење конкретен план. Наставникот добро го осмислил часот.

осмоаголен | прид.

Што има осум агли. Осмоаголна фигура.

осмоза | ж.

Мешање на раствори со различна концентрација низ полупропустлива мембрана. Осмозата е многу важен процес во живите организми.

осмокласник | м.

Ученик во осми клас; осмоодделенец.