осмокрак | прид.
Што има осум нозе. Рак осмокрак.
осмолетка | ж.
Основно, осумгодишно училиште.
осмоодделенец | м.
Ученик во осмо одделение во осмолетка. Осмоодделенците утре имаат полуматура.
осмостран | прид.
Што има осум страни. Осмострана чаша.
осмрди | св.
Направи нешто да смрди, да биде смрдливо. Ја осмрди собата.
оснежен | прид.
Што е покриен со снег. Оснежени полиња.
оснежи | глаг.
Падне малку снег.
основ | м.
основица_1
основа | несв.
основа | ж.
Дел од предмет на кој се крепат другите негови делови; темел. Зградата има добра основа.