ослободи | св.

а) Спаси, избави од ропство, од непријателска власт, од потчинетост некому. Војската ја ослободи земјата од непријателот. б) Врати лична слобода некому, што бил лишен од слобода. Судот го ослободи уапсениот.

ослободител | м.

Оној што ослободува некого или нешто. Ослободителите на градот беа поздравени од народот. Споменик на ослободителите.

ослободителен | прид.

Што има за цел ослободување на народот од ропство, зависност, окупација и сл. Ослободителна војна. Ослободително движење.

ослови | св.

Викне некого на име. Таа го ослови по име.

осмади | св.

Краткотрајно подложи нешто на пламен така што да подгори по површината;

осмак | м.

Мерка за жито – 50 кг., два шиника. Однесе на воденица два осмака жито. Пет осмаци жито.

Османлиско Царство | ср.

Име на средновековната турска држава.

Османлија | м.

Династија што потекнува од турскиот султан Осман.