осуденик | м.
Тој што е осуден. Осуденици на смрт. Осудениците ги водеа врзани до бесилката.
осуденички | прид.
Што се однесува на осуден и осуденик.
осуди | св.
Изрече пресуда против некого. Судот го осуди убиецот на смрт.
осуети | св.
Спречи, оневозможи да се оствари нешто. Тој ја осуети намерата на противникот да го нападне од зад грб. Полицијата го осуети планот на криминалците да ја ограбат поштата.
осука | св.
Развие кора од тесто или вид јадење од сукани кори; Осука една кора. Осука зелник за ручек.
осум | бр.
Основен број за определена бројност; се бележи со бројката 8.
осумаголен | прид.
Што има осум агли.
осумаголник | м.
Многуаголник со осум агли.
осумгодишен | прид.
Што има осум години. Осумгодишно дете.
осумдесет | бр.
Основен број за определена бројност; се бележи со бројката 80.