осумдесетгодишен | прид.
Што има осумдесет години. Осумдесетгодишен старец.
осумдесетти | бр.
Бројна придавка од осумдесет.
осумка | ж.
Она што е означено со бројот 8 (зграда, карта, автобус и сл.). Фрли црвена осумка. Осумката доцнеше десет минути.
осумкатен | прид.
Што е предиплен осум пати.
осумкатница | ж.
Зграда што има осум ката. Трите осумкатници стоеја една до друга.
осуммесечен | прид.
Што има осум месеци. Осуммесечно бебе.
осуммина | бр.
Мажи или мешана група од осум лица. Во ќелијата внесоа осуммина нови затвореници.
осумнаесет | бр.
Основен број за определена бројност; се бележи со бројката 18. Девојката имаше осумнаесет години. Осумнаесет денари.
осумнаесетгодишен | прид.
Лице што има осумнаесет години. Осумнаесетгодишно момче.
осумнаесетка | ж.
Она што е означено со бројот 18 (зграда, карта, автобус и сл.).